Добредојдовте на формуларот за поднесување на документи во електронски формат.
Формуларот е во состав на јавниот повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје – наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2022 година.
Би сакале да напоменеме дека со помош на оваа алатка можете да аплицирате со по еден проект.
Ве замолуваме за секоја наредна апликација да го отворите прашалникот повторно.
Рок за поднесување: 06.11.2021 година до 15:00 часот.
Напомена: Пријавите со непотполни податоци и нецелосна документација, пријави пополнети на несоодветен образец, како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок од јавниот повик, нема да бидат разгледувани.
Целиот повик може да го погледнете на: Тука
Контакт телефон за помош во пополнувањето на апликацијата: Одделение за култура, (02) 329 7324 / (02) 329 7243 / (02) 328 9289
Почитувани,
Ви благодариме на вашиот интерес да аплицирате на Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје – наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2022 година.
Официјално повикот е затворен, заклучно со 06.11.2021, 15:00 часот.
По разгледување на вашите апликации, комисијата преку решение ќе ве информира за исходот на вашето барање.
Со почит,
Град Скопје