Политика за приватност

Град Скопје посветува големо внимание на заштитата на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите воспоставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој Град Скопје врши обработка на личните податоци. Град Скопје ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб-страницата aplikacii.skopjelab.mk и се грижи за заштита на личните податоци. 


Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација. Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци.

 

Информации кои ги собирa при посета на веб-страницата за аплицирање на субвенции:  

  • Информации со кои Вие се идентификувате при користење на услугите на Град Скопје, односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме, на пример, при користење при аплицирање за субвенции. 
  • Информации кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се Оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл.  
  • Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.  

 

Како Град Скопје ги користи собраните податоци  


Град Скопје може да ги користи информациите кои ги собира заради повеќе причини, и тоа:  

  • Да Ви ја обезбеди бараната услуга, при што Ве идентификува;  
  • Да обезбеди грижа за корисниците;  
  • Да Ве праша за мислење во врска со услугите и за спроведување анкети во врска со услугите;  
  • Да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со услугите;  
  • Помош при рекламација или проблем при користењето на услугите.  

 

Дополнително собраните податоци се користат за:  

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашиот веб-сајт, производи, услуги;  
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови услуги, препораки, реклами и други комуникации;  
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на услугите.  

 

Откривање и пристап на податоците 


Град Скопје го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите интереси и интересите на нашите корисници. Пристапот до Вашите лични податоци во Град Скопје е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги.  


Град Скопје ги презема сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, кои се во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба. Вашите личните податоци ќе бидат чувани не подолго отколку што е потребно за да се исполнат целите поради кои се собрани податоците, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем. 


Како примач и обработувач на податоците се јавува и Центарот за техничка поддршка на Град Скопје. Центарот за техничка поддршка e основан од Скопје Лаб – Центарот за иновации на Град Скопје со кој што раководи СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје.  Податоците кои што пристигнуваат електронски се регистрираат на серверот каде што е поставена веб-страницата aplikacii.skopjelab.mk (IP: 35.214.227.61, Дата центар во Холандија) каде што во текот на денот се префрлаат на интерен сервер кој е во сопственост и поставен на мрежата на Град Скопје.

Податоците на серверот како и приманите податоци кај СмартАП – Лабораторија за социјални иновации Скопје се бришат по барање на претседателот на комисијата за доделување на субвенција, односно се до исполнување на целите поради кои се собрани податоците. По бришете на податоците, серверот нуди можност на враќање на податоците во рок од 30 дена, каде што потоа се засекогаш избришани. 


Со цел доделување одредена субвенција, комисијата за доделување субвенции во Град Скопје врши обработка на податоците и истите ги регистрира во интерниот систем за доделување на субвенции. По затворање на јавниот повик, комисијата ги брише пристигнатите лични податоци од граѓаните (слика од лична карта и трансакциска сметка).


Доколку прикачувате слики на веб-сајтот, препорачливо е избегнување на прикачување на слики кои содржат информации за локацијата (EXIF GPS). Како формати ги препорачуваме .png, .jpg и .pdf документи.


Пристап до вашите информации и вашите права  


Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Градот, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете се на help@skopjelab.mk.  


Доколку сакате да направите измена, дополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите на help@skopjelab.mk, да го направите во Канцеларијата за техничка поддршка во Град Скопје или преку формата за корекција на документи доставена од комисијата на соодветниот повик. 


Ако сметате дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, може да се обратите до help@skopjelab.mk или до Офицерите за заштита на личните податоци во Град Скопје.  


„Cookies“ и „web bugs“  


Град Скопје користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт и e-mail комуникации, познати како „cookies“ (колачиња) и „web bugs“. На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници кликнале на важни елементи (како линкови или графика) од веб-сајтот или e-mail пораките на системот и да го препознаат пребарувачот следниот пат кога ќе го посетите нашиот веб-сајт. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на порталот.  


Прифаќање на условите  


Со користењето на оваа вебстраница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност. Ако не се согласувате со истата, ве молиме не ја користете нашата вебстраница. 

 

Контакт личности 


Град Скопје 

Офицер за заштита на лични податоци: Александар Данилов 

Е-адреса: aleksandar.danilov@skopje.gov.mk 

тел. 02/3297 348 


СмартАп 

Николчо Гошев 

E-адреса: skopjelab@skopje.gov.mk 

Тел. 071 275 292