Електронско аплицирање на јавни повици на Град Скопје

klipartz.com

Портал за пристап до електронски апликации на Град Скопје

Активни

Завршени

Субвенции

Занаетчии 2021

Јавен повик за занаетчии во градот Скопје за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање за 2021 година

Занаетчии 2021

Активен до: 10.12.2021 година до 15 часот.
Аплицирај

Јавен повик

Претприемништво 2021

Јавен повик за финансирање на проекти за поддршка и развој на претприемништвото, иновaциите и конкуретноста на малите и средни претпријатија на подрачјето на Град Скопје.

Претприемништво 2021

Активен до: 25.06.2021 година до 15 часот.
Аплицирај

Јавен повик

НВО 2021

Јавен повик за финансирање на програмски активности на здруженија и фондацииза 2021

НВО 2021

Активен до: 26.02.2021 година до 15 часот.
Аплицирај

СУБВЕНЦИИ

Електрични тротинети 2021

ЈАВЕН ПОВИК за за субвенционирање на физички лица за купен електричен велосипед за 2021 година

електрични тротинети 2021

Активен до: Се до исцрпување на средствата предвидени за повикот.
Аплицирај

СУБВЕНЦИИ

Велосипеди 2021

ЈАВЕН ПОВИК за за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2021 година

Велосипеди 2021

Активен до: Се до исцрпување на средствата предвидени за повикот.
Аплицирај

Јавен повик

Потрошувачи 2021

Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје - Програма за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2021 година

Потрошувачи 2021

Активен до: 19.03.2021 година до 16 часот.
Аплицирај

Јавен повик

Образование 2021

Јавен повик за проекти од образование за 2021 година

Образование 2021

Активен до: 07.04.2021
Аплицирај

Субвенции

Инвертер клима уреди за 2021

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2021

Инвертер клима уреди за 2021

Активен до: се до исцрпување на средствата предвидени за повикот.
Аплицирај

Субвенции

Оџаци 2021

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година

Оџаци 2021

Активен до: Се до исцрпување на средствата предвидени за повикот.
Аплицирај

Јавен повик

Култура 2022

Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје - наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2022 година

Култура 2022

Активен до: 06.11.2021 година до 15:00 часот
Аплицирај

Центар за техничка поддршка при поднесување апликации

Овој центар е основан од Скопје Лаб со кој што раководи СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје во проектот „Инклузивна и успешна дигитална трансформација за сите – ДИЏИТАЛ АЛЛ“, во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и партнерите.

Секој работен ден од 10 часот до 15 часот нашите агенти Велјан и Мартин се достапни за техничка поддршка на сите граѓаните при поднесување на апликациите.

Поддршка може да се добие во:

  1. Канцеларијата на центарот за e-услуги. Во просториите на Град Скопје на Бул. Илинден бр.82 со предходно закажување на е-маил или телефонскиот број.
  2. Преку е-адреса: help@skopjelab.mk Преку новиот систем за предмети (тикети) Ве осигуруваме дека секое техничко барање ќе биде разгледано. (препорачлив метод за комуникација)
Центарот служи исклучиво за техничка поддршка при пополнување на апликациските форми. Сите барања со информации за условите во повиците, процесот и потребната документација нема да бидат разгледувани од нашите агенти. За овие прашања ќе ве замолиме да се обратите до контакт личностите / секторот наведен во јавниот повик.

На што се Работи во меѓувреме?

Со цел подобрување на ефективноста и ефикасноста на процесот за доделување финансиски средства (грантови) на граѓанските организации во склоп на годишниот план за работа на Центарот за иновации на Град Скопје, тимот на Скопје Лаб од септември 2020 отпочна со активности за редизајн на услугата и нејзина дигитализација.

Процесот во 2020 опфати анализа на тековна состојба на процесите во која јасно се дефинираа предизвиците на одделенијата и на граѓанските организации во управување со процесот, се увидоа можностите за подобрување и се изработи предлог за редизајн на процесот и негово усогласување низ одделенијата на градот. Во тој контекст се подготви и техничка документација за изработка на дигитална платформа која ќе обезбеди целосно дигитализирање на процесот на објава на повици, поднесување апликации, следење на статус на апликации, чување и информирање на корисниците.

Преку подобрување на процесот и дигитализација на услугата Градот покажува заложба да одговори не само на предизвиците на граѓанските организации туку и да го поддржи процесот на дигитализација на јавниот сектор.

Политика за приватност

Град Скопје посветува големо внимание на заштитата на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите воспоставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија. Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој Град Скопје врши обработка на личните податоци. Град Скопје ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб-страницата aplikacii.skopjelab.mk и се грижи за заштита на личните податоци.

Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација. Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци.

Скопје Лаб е Центар за иновации на Град Скопје кој работи на изнаоѓање на иновативни начини за решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочува Градот. Работи како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел ко-креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на иновативни решенија. За останатите активности на центарот посетете ја веб страницата https://www.skopjelab.mk/

Центарот за техничка поддршка e основан од Скопје Лаб со кој што раководи СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје во проектот „Инклузивна и успешна дигитална трансформација за сите – ДИЏИТАЛ АЛЛ“, во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и партнерите.

Оваа веб-страница е создадена и одржувана со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на СкопјеЛаб и не мора да се одразува ставовите на Европската Унија.